Достапни линкови

САД остануваат на сириските нафтени полиња


Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер.

Шефот на американската одбрана Марк Еспер потврди дека нови американски сили ќе биде испратени во источна Сирија за заштита на нафтените полиња од милитантите на Исламската држава. Тој рече дека распоредувањето вклучува оклопни возила и евентуално тенкови. Изјавата на Еспер во Брисел укажува и дека неколку стотици американски војници ќе бидат распоредени во регионот, но не кажа детали за нивниот број.

Овој потег доаѓа неколку дена откако претседателот Доналд Трамп најави повлекување на американските трупи од пограничното подрачје во близина на турската граница за да им овозможи на турските сили да формираат таканаречена „безбедна зона“ без курдски борци.

XS
SM
MD
LG