Достапни линкови

Загинати и повредени за време на антивладините протести во Ирак


Ирачката комисија за човекови права соопшти дека најмалку двајца демонстранти загинале во последните немири во Багдад. Во извештајот се вели дека 227 лица се повредени во насилство низ целата земја, повеќето од нив во главниот град.

Ирачката полиција употреби солзавец и шок-бомби за да растера демонстранти кои протестираат против корупцијата, невработеноста и лошите основни услуги.

Протестите денеска продолжија после тринеделна пауза. Во неколку други градови, демонстрантите ги запалија зградите на владата и канцелариите на политичките партии.

XS
SM
MD
LG