Достапни линкови

Граѓаните сè повеќе купуваат електронски


Третина од граѓаните кои имаат пристап до интернет купуваат електронски. Годинава се потрошени 84 милиони евра за електронско купување, што е раст од 26 проценти во однос на тој период лани, заклучуваат претставници на власта и на Асоцијација за е -трговија на Македонија пред годишна конференција за е-трговија „Бизнис раст со е-трговија’.

Тие влеат дека во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата. Услови постојат, законодавството дава можност, а оформен е и Електронскиот регистар на население. Се најавуваат промени и во делот на мали пратки и нивно следење. Се зголемува и процентот на нарачки кон домашни оналјн продавници во однос на нарачките од странство. Но недостасуваат софистицирани платежни солуции, а се очекува со новиот закон за платежни услуги да се направи либерализација за влез на нови компании.

XS
SM
MD
LG