Достапни линкови

Србија и Евроазиската унија ќе потпишат договор за слободна трговија


Српската премиерка на Брнабиќ и премиерот на Русија Дмитри Медведев.

Србија и Евроазиската економска унија, предводена од Русија денеска треба да потпишат договор за слободна трговија. Договорот, кој ќе биде потпишан за време на посетата на српската премиерка Ана Брнабиќ на Москва, ќе ги замени постојните договори за слободна трговија што Белград ги има потпишано со Русија, Белорусија и Казахстан. Србија нема такви спогодби со Ерменија и Киргистан, останатите две членки од Унијата.

Министерството за трговија на Србија соопшти дека со договорот за слободна трговија ќе се овозможи околу 95,5 проценти од српските производи да се извезуваат во Евроазиската унија без царини.

Минатата година трговската размена меѓу Србија и државите од Евроазиската унија изнесувала 3,4 милијарди американски долари.

Иако Србија се стреми да влезе во Европската унија, одржува блиски односи со Русија.

Минатата недела, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, рече дека ЕУ „внимателно“ ги следи преговорите меѓу Србија и Евроазиската унија и очекува Белград да се усогласи со надворешната политика на ЕУ. Таа рече дека ЕУ останува најважниот трговски партнер на Србија.

XS
SM
MD
LG