Достапни линкови

Солзавец и шок бомби против демонстрантите во Багдад


Полицијата во Ирак употреби солзавец и шок бомби за да растера стотици демонстранти кои протестираа во Багдад. Антивладините протести продолжија после тринеделна пауза.

Демонстрантите се собраа во Багдад и во други градови во јужниот дел на земјата за да протестираат против корупцијата, невработеноста и немањето основни услуги.

Демонстрантите во Багдад, од кои некои преноќија на плоштадот Тахрир, маршираа кон Зелена зона во која се сместени владини згради и странски амбасади, но беа спречени од безбедносните сили.

Медицински извори за Ројтерс велат дека околу 20 луѓе кои биле изложени на солзавец биле примени во болница.

Протестите во Ирак започнаа на 1 октомври, а според официјалните извештаи 157 луѓе загинале за време на насилните протести.

Ирачката војска призна дека користела прекумерна сила за време на протестите и соопшти дека виновниците ќе одговараат што презеле погрешни дејствија.

XS
SM
MD
LG