Достапни линкови

Курти - Министерот Србин во новата влада не мора да е од Српската листа


Новата влада на Косово ќе ја испочитува уставната обврска во неа да има министер од редовите на српската етничка заедница во земјата, вели лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање влада откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори.

Но Курти вели дека дека Уставот не го обврзува во владата да вклучи претставник од Српската листа (СЛ), иако таа партија и на овие избори извојува уверлива победа во средините со мнозинско српско население.

Според најавите од двете партии, новата влада ќе има 12 министри, од кои еден Србин и еден припадник на другите немнозински етнички заедници, а секој ресор ќе има по двајца заменици министри. Владата во оставка на Рамуш Харадинај има 21 министер и околу 100 заменици министри.

XS
SM
MD
LG