Достапни линкови

Пентагон ги зајакнува силите во североисточна Сирија


американски војници во Сирија, архивска снимка

Пентагон соопшти дека ќе го зајакне американското воено присуство во североисточниот дел на Сирија за да спречи евентуална можност екстремисти на Исламската држава да ги заземат нафтените полиња. До оваа одлука доаѓа на неколку денови откако претседателот Доналд Трамп објави повлекување на американските сили од границата со Турција што им овозможи на турските сили да ја започнат операцијата против курдските борци. Турски и руски сили сега патролираат во областа во близина на границата која порано ја држеа американски и курдски сили.

XS
SM
MD
LG