Достапни линкови

Грчката полиција се судри со студенти во Атина и Солун


протести во Атина

Грчката полиција се судри со студенти во Атина и Солун на протестите поради планот на новата конзервативна влада за реформа на работењето на комуналните служби. Во судирите во која полицијата употреби и солзавец имало повредени и на двете страни. Владата на премиерот Киријакос Мицотакис која е на должност три месеци вели дека реформата ќе ги зголеми инвестициите во комуналните услуги. Меѓутоа, синдикатите сметаат дека со тоа ќе бидат нарушени правата на работниците.

XS
SM
MD
LG