Достапни линкови

Џафери на Европската конференција на претседатели на парламенти


Претседателот на Собранието, Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Парламентарното собрание на Совет на Европа во Стразбур. На конференцијата ќе учествуваат претседатели на парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, како и претседатели на меѓународните собранија. Покрај учеството на конференцијата Џафери ќе оствари средби со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со претседателот на Комисијата за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер и со други европратеници.

XS
SM
MD
LG