Достапни линкови

Борисов: Камионот, со 39 беживотни тела, не бил во Бугарија


премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Починатите лица пронајдени во камион во Британија не можело да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во земјата од регистрацијата во 2017 година, изјави премиерот на Бугарија Бојко Борисов, наведувајчи дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата. Во камион во британскиот град Есекс денеска се пронајдени безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството. Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.

XS
SM
MD
LG