Достапни линкови

Трамп ги укина санкциите кон Турција


Претседателот на САД Доналд Трамп и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека ги укинува санкциите кон Турција, откако е објавен прекин на офанзивата врз сириските Курди. „Другите нека се борат околу тој крвав песок. Санкции повторно ќе бидат воведени, ако се случи нешто со што нема да бидеме задоволни“, наведува Трамп, додавајќи дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го убедил оти ќе престанат борбите во регионот, како и дека неодамна договореното примирје ќе биде трајно. САД воведе санкции кон Турција минатата недела како одговор на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, што почна на 9 октомври, против курдските борци, кои за Анкара се терористи, а беа главни сојузници на САД во борбата против Исламска држава.

XS
SM
MD
LG