Достапни линкови

Американски сенатори со критика до ЕУ за С. Македонија и Албанија


демократската сенаторка Џин Шахин

Американски сенатори и пратеникот на САД за Западен Балкан Метју Палмер ја критикуваа ЕУ за нејзиниот неуспех да започне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Според нив, со тоа се остава отворена вратата за поголемо руско влијание. „Ние нудиме опција за Балканот да гледа на Запад, не назад кон Русија и Исток“, изјави демократската сенаторка Џин Шахин, отворајќи го сослушувањето посветено на регионот. „И секогаш кога ја губиме таа можност, а јас мислам дека тоа неодмна го направи ЕУ, тоа испраќа многу силна порака до луѓето во Западен Балкан дека не би требало да продолжат со реформите“, наведе таа. Специјалниот пратеник за Западан Балкан Метју Палмер им кажа на сенаторите дека САД се „длабоко разочарани од одлуката на ЕУ“. Според него, оваа одлука го намалува кредибилитетот на ЕУ во регионот.

XS
SM
MD
LG