Достапни линкови

Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за НАТО во Сенатот


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. „Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО“, се вели во изјавата на Помпео. Американскиот Сенат со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

XS
SM
MD
LG