Достапни линкови

Акар: Турција и САД да ги надминат несогласувањата за авионите Ф-35


Tурскиот министер за одбрана Хулуси Акар

Турција очекува дека ќе бидат надминати несогласувањата со САД за борбените авиони Ф-35, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Тој додаде дека Анкара „останува во центарот на НАТО“ и покрај критиките на сојузниците поради нејзиниот упад во Сирија.

Пентагон во јули ја исклучи Турција од својата програма за развој на авионите Ф-35 бидејќи Анкара одби да го стопира купувањето на рускиот ракетен систем С-400. Акар изрази надеж дека ќе бидат привремени американските санкции, воведени поради турската офанзива врз курдските Единици за заштита на народот во североисточна Сирија.

Русија и Турција пак вчера постигнаа договор за поделба на контролата над северната граница на Сирија и за извршување на заеднички патроли.

XS
SM
MD
LG