Достапни линкови

Герберих: Северна Македонија заслужува полноправно членство во ЕУ


Германскиот амбасадор Томас Герберих

Германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, во врска со одлуката на Советот на ЕУ да не започне преговори со Северна Македонија, изјави дека земјава е дел од Европа и не заслужува ништо помалку од целосно членство во Европската Унија.

„Ве молам продолжете со овие реформи и убедете го секој оној што може да има какви било дилеми во однос на вашиот пат кон ЕУ“, порача денеска германскиот амбасадор на одбележувањето на почетокот на градбата на германската компанија „Гересхajмер“ во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик.

Во овој контекст, амбасадорот порача дека Германија ќе продолжи да ги мотивира своите компании да продолжат да инвестираат во Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG