Достапни линкови

Фабрици: Регионот не теба да се разочарува по одлуката на ЕК за Северна Македонија


Шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Сем Фабрици

По француското вето за отварањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, со видео порака до медиумите се огласи и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград Сем Фабрици. Како што јави дописникот на МИА, Фабрици порача дека регионот не треба да се препушти на разочарување, „по одлуката за жал да не се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија и дека ЕУ ќе остане со Србија и партнерите во Западен Балкан“.

„Не дозволувајте да се изгуби фокусот, ЕУ е посветена на Западениот Балкан, кој е клучен за нас. ЕУ е најголем донатор, инвеститор и трговински партнер на целиот регион“, оцени Фабрици.

Фабрици рече дека Северна Македонија спроведе импресивни реформи на внатрешниот систем и постигна историскиот договор со Грција преку Преспанскиот договор, додавајќи дека и Албанија спровела реформи, особено во правосудството.

XS
SM
MD
LG