Достапни линкови

Израелскиот претседател ќе му даде мандат за состав на влада на Ганц


Нетанјаху, Ривлин и Ганц

Израелскиот претседател Рувен Ривлин вечерва ќе му го даде мандатот за состав на владата на поранешниот израелски командант Бени Ганц, во обид земјата да го надмине најдолгиот политички ќор-сокак во својата историја.

По парламентарните избори на 17-ти септември, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обиде да формира владејачка коалиција, но во понеделникот се откажа и го извести претседателот дека го враќа мандатот. Ривлин тогаш најави дека ќе ја довери задачата на Ганц, 60-годишен новодојденец во политиката, кој водлабоко поделената земја, се очекува да се соочи со истите тешкотии како Нетанјаху.

„Решени сме да формираме влада што ќе работи за граѓаните на Израел“,порача денеска на Твитер Џаир Лапид, партнерот на Ганц во Алијансата „Сино и бело“. Ганц, како и Нетанјаху, ќе има 28 дена да се обиде да формира нова влада. Доколку не успее да го стори тоа, претседателот Ривлин ќе побара од парламентот, да предложи кандидат за формирање влада, а доколку и тоа не успее,во Израел по трет пат ќе се одржат избори во помалку од една година.

XS
SM
MD
LG