Достапни линкови

Откриена иранската група која планирала терористички напад во Тирана


илустрација

Албанската полиција разоткри иранска терористичка ќелија, која лани подготвувала терористички напад во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз, изјави генералниот директор на полицијата, Арди Велиу. Тој на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и рече дека „главата“ на оваа ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како Пејман.

Поглаварот на Бектешката заедница Хаџи Едмонд Брахамај (Баба Монди) изјави дека веста за планираниот терористички напад ја дознал во моментот кога ја одржувал церемонијата за празникот Султан Невруз, во март 2018 година. Тој додаде дека му било кажано дека биле уапсени двајца организатори на влезот на објектот, со што било спречено да влезат и да го извршат нападот. Двете уапсени лица се претставиле како новинари.

XS
SM
MD
LG