Достапни линкови

Турција и Русија разговараат за уште С-400


Турција разговара за купување на ракетни одбранбени системи С-400 од Москва, тврди рускиот државен извозник на оружје Рособоронекспорт. Шефот на компанијата, Александар Микејев, за Интерфакс изјави дека двете страни разговараат за финансирањето и за испораката.

Турција, која е членка на НАТО, во јули ја доби првата серија од руските противракетни системи С-400, што ги натера Соединетите Држави да ја запрат испораката на нивните борбени авиони Ф-35 на Турција.

Вестите за купување оружје, доаѓаат еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, рече дека Русија и Турција ќе продолжат со соработката во областа на одбраната.

XS
SM
MD
LG