Достапни линкови

Жители од северна Грција не дозволија мигранти да бидат сместени во нивното село


Жители на северна Грција не дозволија 380 мигранти да бидат сместени во хотели во близина на Солун. Мигрантите, поголемиот дел од нив семејства со деца од Сирија, Ирак и Авганистан ќе бидат сместени во камп на островот Евија на југот од земјата. Жителите на селото Врасна во северна Грција, со блокади, протести и реакции, ги премислија хотелиерите кои требаше да ги примат барателите на азил.

Хотелите претходно потпишале договори за сместување на шест месеци, но под притисокот на населението попуштиле и ги затвориле вратите на објектите.

Во меѓувреме во грчкиот Парламент доставен е новиот нацрт закон за азил.

Новиот закон меѓу другото предвидува задолжително основно и средно образование на децата кои ќе добијат статус на меѓународна заштита; воведување казни за непочитување на законот, како што се правилата на работа на центарот во кој престојуваат; редефинирање на процедурите за доделување и одземање на статусот на меѓународна заштита.

XS
SM
MD
LG