Достапни линкови

Западот останува посветен на постигнување мир во Авганистан


Американскиот специјален пратеник во Авганистан, Залмај Калилзад.

Меѓународниот фактор уште еднаш ја повтори заложбата за одржлив мировен договор со кој треба да се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан.

Заедничката изјава беше објавена во Брисел, каде американскиот специјален пратеник во Авганистан, Залмај Калилзад, се сретна со претставници на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Норвешка, ЕУ и ОН. Во текстот се повикуваат авганистанските лидери да се фокусираат на подготовката на преговори со талибанците, со тоа што ќе се именува формален тим за преговори. Средбата во Брисел дојде откако главниот преговарач на талибанците и еден од основачите на организацијата Мула Абдул Гани Барадар се сретна со кинески дипломати во главниот град на Катар, по што талибанците објавија дека ќе учествуваат на „интра-авганистанските“ разговори во Пекинг, како дел од напорите да се стави крај на конфликтот.

Минатиот месец требаше да се постигне конечен договор, но американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи мировниот процес за мртов, бидејќи во Авганистан продолжи насилството.

Во заедничкото соопштение на ОН, ЕУ и шест западни држави се наведува дека се подготвени да работат со авганистанската влада, талибанците и другите лидери за да се постигне сеопфатен и одржлив мировен договор. Од сите страни во конфликтот е побарано да се држат до прекин на огнот додека траат преговорите.

XS
SM
MD
LG