Достапни линкови

Турција: нема потреба од нова операција во Сирија


претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Сочи

Турција соопшти дека нема потреба од нова офанзива против курдските борци надвор од сегашната област во Сирија, бидејќи добила информации од САД дека нивното повлекување од граничното подрачје било комплетирано. До ова соопштение на турското Министерство за одбрана дојде по неколкучасовниот состанок на претседателите на Русија и на Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Сочи. Притоа тие се согласиле да спроведуваат заеднички воени патроли во североисточниот дел на Сирија и за нов прекин на огнот од 150 часа.

XS
SM
MD
LG