Достапни линкови

Зоран Попов – нов државен секретар во МНР


Министерство за надворешни работи

Нов Државен секретар во Министерството за надворешни работи е Зоран Попов, информира Министерството.

Тој е професионален дипломат од 1998 година, кој најголем дел од својата дипломатска кариера во Министерството ја поминал во Директоратот за Европска унија, а бил упатен и на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел. На должноста Државен секретар во МНР доаѓа од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, каде од 2016 до 2019 год. работел како виш политички советник. Магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон.

XS
SM
MD
LG