Достапни линкови

Сенатот на САД ќе гласа за протоколот за членство на Македонија во НАТО


Американскиот Сенат денеска треба да гласа за ратификување на протоколот за членство на Македонија во НАТО. Тоа треба да се случи во 18 часот по македонско, односно во 12 часот по американско време.

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати протоколот до Сенатот на 30 април годинава. Тој во дописот до Сенатот бара да се обезбеди препорака и согласност за ратификување на протоколот. Американските власти во своите изјави даваат поддршка за членството на Македонија во Алијансата.

Од земјите членки на НАТО, останува ратификацијата да ја завршат и Шпанија, Исланд, Холандија, а процесот треба да го дозаврши и Франција.

XS
SM
MD
LG