Достапни линкови

Ердоган - Ако Курдите не ги исполнат обврските, операција продолжува со поголема решителност


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Сочи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе продолжи со воената операција во североисточна Сирија „со поголема решителност“, ако курдските борци не ги исполнат обврските од примирјето постигнато со посредство на САД.

Ердоган денеска се среќава во рускиот претседател Владимир Путин во црноморското одморалиште Сочи.

Ердоган вели дека околу 700- 800 курдски војници се повлечени, а од 1.200 до 1.300 се уште се повлекуваат. Денеска истекува петдневното примирје склучено со посредство на Вашингтон. Турција се обидува да воспостави безбедна зона од 120 километри во близина на својата граница со Сирија.

Кремљ соопштува дека на состанокот Путин и Ердоган ќе разговараат за спротивставувањето на меѓународните терористички групи и за промовирање на процесот за политичко решавање на состојбите во Сирија.

XS
SM
MD
LG