Достапни линкови

Талибанците убиле 15 полицајци во Авганистан


Во борбите во северната авганистанска провинција Кундуз убиени се петнаесет полицајци, соопштија тамошните власти. Полицајците биле убиени денеска кога талибанските борци нападнале контролниот пункт во областа Али Абад и ги фатиле во заседа безбедносните сили кои биле во таа област.

Портпаролот на Талибанците потврди дека тие стојат зад нападите. Талибанците контролираат неколку окрузи во провинцијата Кундуз, а контролираат и речиси половина од Авганистан. Во последно време започнаа скоро дневни напади насочени кон авганистанските безбедносни сили, а како резултат на тоа многу цивили загинаа.

XS
SM
MD
LG