Достапни линкови

Германија: Северна Македонија да ги интензивира реформите и да ги убеди сите дека местото и е во ЕУ


Германската канцеларка Ангела Меркел на пречекот во Скопје

За Германија започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со Северна Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа, пишува во соопштението од Германската амбасада во Скопје. Од амбасадата велат дека се уверени оти вреди да ѝ се понуди европска перспектива на земјата.

„Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ“, стои во соопштението.

Во него се наведува дека од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската унија.

„За да успее ова , мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме. Ова е најдобриот предуслов за да се унапредат реформите и развојот на правната држава, а со тоа ова е и најдобриот предуслов за благосостојба, стабилност и безбедност внатре во Европа“, се наведува во соопштението од амбасадата.

XS
SM
MD
LG