Достапни линкови

Буџетот на Италија за догодина не е според фискалните правила на ЕУ


Валдис Домбровскис

Европската комисија соопшти дека нацрт-буџетот на Италија за следната година може да не биде во согласност со фискалните правила на Европската унија и до утре бара разјаснување од италијанската влада. „Планот на Италија не е во согласност со реперите за намалување на долгот во 2020 година“, се наведува во писмото што до италијанскиот министер за финансии Роберто Гуалтиери му го испратија економските комесари Валдис Домбровскис и Пјер Московичи. Тие и со предупредување дека тоа може да го отвори патот за санкционирање ако Италија не направи измени во планираниот буџет.

XS
SM
MD
LG