Достапни линкови

Заев: 27 земји изразија несогласување со Франција


Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „360 степени“ изрази задоволство што 27 земји потврдиле дека Северна Македонија е успешна и оцени дека за несогласувањето на Франција да се отворат преговорите со ЕУ со нашата земја, причината не сме ние. За информациите дека постои иницијатива од Италија, да се врати прашањето за Северна Македонија на дневен ред веќе во ноември, на Советот за општи работи, премиерот Заев одговори: „Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“. Тој додаде дека веќе добил покана од италијанскиот премиер Џузепе Конте да се сретнат во вторник, на 29 октомври и оти ќе разговараат за оваа иницијатива која како што рече е подржана и од други премиери.

XS
SM
MD
LG