Достапни линкови

Курдите го напуштиле сирискиот град Рас ал Ајин


курдските борци го напуштиле северниот град Рас ал Ајин

Портпарол на главната курдска група во Сирија изјави дека курдските борци го напуштиле северниот град Рас ал Ајин и оти во него веќе немало нивно вооружено присуство. Евакуацијата е дел од спогодбата со Турција постигната со посредство на Соединетите држави. Според овој договор, турските сили воведоа петдневно примирје на северот на Сирија за да им дозволат на курдските единици да се повлечат од граничниот појас. Договорениот прекин на огнот истекува утре.

XS
SM
MD
LG