Достапни линкови

Курти имал сообраќајка во Тирана, нема повредени


лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти

Возилото со кое бил лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти имало сообраќајна несреќа во Тирана, пренесуваат косовските медиуми. Според нивните наводи, автомобилот на Курти удрил во задниот дел на еден автомобил на албанската полиција. Од Самоопределување изјавија дека никој не бил повреден и оти немало место за загриженост. Курти, како што додаваат медиумите, бил во седиштето на Самоопределување во Тирана за да ги прослави резултатите од изборите на Косово на 6 октомври.

XS
SM
MD
LG