Достапни линкови

Борисов - Неколку месеци не се вечност, Заев да не си поднесува оставка


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред денешното продолжение на средбата на лидерите на ЕУ изјави дека ништо не е завршено, туку е одложено за неколку месеци, за време на хрватското претседателство. Тој се надева дека одложувањето од неколку месеци ќе даде можност и за договор на комисиите за историски прашања меѓу Македонијаи Бугарија.

Според Борисов, неколку месеци не се вечност од аспект на европската интеграција како процес, па му порачал на премиерот Зоран Заев да не си поднесува оставка.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел изјави дека поголемиот број на земји членки на ЕУ јасно се заложиле за отворање на преговори и со Северна Македонија и со Албанија, но како што вели, за жал поради еден помал број држави не дојде до единствен став и не беа усвоени заклучоци.

Тој вели дека пораката што треба да им се испрати на Северна Македонија и на Албанија е да продолжат со реформите. Според него нерелана е опцијата да се направи реформа на преговарачкиот процес во краток рок.

XS
SM
MD
LG