Достапни линкови

Економијата во добра кондиција, се следат ризиците од глобалните тензии


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии, оти Македонија има мала трговија и со Соединетите Американски Држави и со Кина. Бежоска заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска учествуваат на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка (СБ) во Вашингтон.

Таа посочува и дека е важно каква ќе биде натамошната состојба, односно дали натаму ќе има смирување или ескалација на тензиите.

Министерката Ангеловска вели дека економијата во добра кондиција и дека се реални очекувањата за раст од 3,5 отсто

ММФ во вчерашниот извештај ја ревидира стапката на раст за македонската економија годинава од три во априлската прогноза на 3,2 проценти. За наредната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година 3,5 отсто.

Во однос на глобалните економски движења министерката посочува дека македонската економија е мала и отворена и затоа будно се следат движењата на глобално ниво.

Делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска -Бежовска и министерката Ангеловска, во Вашингтон оствари повеќе работни состаноци со претставници на меѓународните финансиски институции и организации.

XS
SM
MD
LG