Достапни линкови

Сменет директорот на Бугарското национално радио


Бугарското национално радио

Регулаторното тело за медиуми го разреши директорот на Бугарското национално радио Светослав Костов поради исклучување на главниот информативен канал на неколку часа во минатиот месец што е протолкувано како обид за задушување на гласовите на некои новинари. Тричлената комисија на Советот за електронски медиуми едногласно го разреши Костов и го избра Антон Митов, сегашен шеф на архивското одделение на радиото, за привремен директор. Комисијата како мотив за разрешувањето го наведе петчасовното прекинување на емитувањето на 13 септември што, како што се наведува, никој не го направил претходно. Костов со тоа го прекршил уставното право на Бугарите на информации.

XS
SM
MD
LG