Достапни линкови

ЕУ самит, прв ден: без одлука за Северна Македонија и Албанија


Брисел

Лидерите на Европската унија го завршија првиот ден од нивниот состанок во Брисел без да донесат одлука за потенцијалното членство на Северна Македонија и Албанија. „Нема заклучоци денеска. Се надевам дека е можно да се постигне согласност“, изјави рано изутрината финскиот премиер Анти Рине. „Има извесна разочараност. Мора да признаеме дека не успеавме да постигнеме согласност, бидејќи три земји одбија да ги поканат двете земји да почнат преговори“, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа, наведувајќи дека станува збор за Франција, Холандија и Данска. Статусот на разговорите за потенцијалното членство за Северна Македонија и Албанија останува нејасен пред вториот и последен ден од самитот. Рине изјави дека дискусијата ќе продолжи денеска, но холандскиот премиер Марк Руте рече дека лидерите на ЕУ ќе го преиспитаат ова прашање на следниот самит.

XS
SM
MD
LG