Достапни линкови

Рама: Ако не добиеме датум, не значи дека Албанија потфрлила


Албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот Јоханес Хан

Ние го направивме тоа што тие од нас го побараа и доколку не добиеме датум, тоа не значи дека Албанија потфрлила, зјави албанскиот премиер Еди Рама по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во седиштето на Европската комисија во Брисел.

„Но, освен тоа што направивме и што треба да направиме, се наоѓаме во ситуација кога Европскиот совет треба да одлучи што сакаат нејзините членови или не сакаат да направат за нивното семејство, бидејќи важен член на семејството бара друг пристап од целото семејство кон овој процес“, посочи Рама.

Тој додаде дека и покрај се Албанија мора да продолжи со реформите.

„Ова значи дека, од една страна, ние мора јасно да ја разбереме оваа состојба, а од друга страна да продолжиме со реформскиот процес, затоа што, како што рече и комесарот Хан, тоа не го правиме за да ги задоволиме Брисел, Лондон, Париз или Берлин. Мораме на нашите деца да им обезбедиме европска Албанија, со демократски институции, со институционално државно право, да ги исполнуваме стандардите на економијата на ЕУ“ вели Рама.

XS
SM
MD
LG