Достапни линкови

Лидерите на земјите членки на ЕУ го одобрија договорот за Брегзит


Земјите членки на Европската Унија го одобрија договорот за излез на Велика Британија од Унијата и тој договор треба да стапи во сила на први ноември, јавува новинската агенција Ројтерс.

Претходно на само неколку часа пред почетокот на самитот беше постигнат договор за кој денеска гласаа земјите членки.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер тогаш соопшти дека договорот за Брегзит е „фер и избалансиран“. Договорот треба да биде поддржан од земјите членки на ЕУ и нивните парламенти.

Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека станува збор за „одличен нов договор за Брекзит“.

XS
SM
MD
LG