Достапни линкови

Сасоли:ЕУ треба да ги почитува жртвувањата и да си стои на зборот


Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли на прес конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.

„Ние знеме дека за ова има одредени различни позиции. Нашата позиција е дека треба да дозволиме старт на преговори. Ние чуствуваме дека ако ЕУ бара да се направат жртвувања и промени и ако тие жртвувања се имплементираат, тогаш ние треба да си стоиме на зборот и на ветувањата“ изјави Сасоли.

Во однос на неговото очекување за проширување на Унијата, вели дека ставот на Европскиот парламент е дека тој процес треба да почне.

„Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме „да““ изјави Сасоли на прес конференцијата.

XS
SM
MD
LG