Достапни линкови

Ердоган разговара со Пенс за ситуацијата во Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Анкара, кој е дојден во обид да стартува преговори за прекин на огнот во североисточниот дел на Сирија. Пенс и Ердоган прво одржаа ограничена билатерална средба во претседателскиот комплекс, а потоа треба да им се приклучи и американскиот државен секретар Мајк Помпео и други официјални претставници.

Претходно Ердоган ги отфрли сите обиди за примирје и рече дека Турција не е загрижена за натамошните санкции.

Турција пред неколку денови започна офанзива во Сирија, велејќи дека сака да се справи со курдските сили и да воспостави тампон зона за преселување на сириските бегалци.

XS
SM
MD
LG