Достапни линкови

Пленковиќ: Не е фер да се менуваат правилата на ЕУ за Скопје и Тирана


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, пред почетокот на Самитот на ЕУ, изјави дека дека може да се расправа за нова методологија на преговарачкиот процес за земјите кандидати, но не и да се менуваат правилата сега. Тој во однос на барањето на Франција за промена на правилата на игра вели дека не е фер додека трае натпреварот да се менуваат правилата, затоа што во прашање го става кредибилитет на целиот процес.

„Новата методологија, која ја сугерира пред сѐ Франција, ќе ги донесе земјите во различни положби, Србија и Црна Гора во однос на тоа што утре би го правеле Северна Македонија и Албанија со новата методологија, па што ли ќе биде со Босна и Косово. „Да“ за расправа, но менување на правилата на игра во тек, „не“,“ изјави Пленковиќ.

Тој додаде дека Загреб поддржува отворање на преговорите со Скопје и Тирана.

XS
SM
MD
LG