Достапни линкови

Борисов: ЕУ ќе направи историска грешка ако не им даде датум на Скопје и Тирана


Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов, архивска фотографија

ЕУ ќе направи историска грешка ако не дозволи Скопје и Тирана да ги почнат преговорите, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов. А доколку се случи таква грешка, вели тој, тогаш ЕУ не треба да се лути за проблемите што ќе настанат, за тоа ако има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вели дека Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори.

Ако нема датум, тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива, изјави Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ. На состанокот треба да се расправа и за проширувањето на Унијата. Борисов исто така вели и дека не може да ги разбере тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.

XS
SM
MD
LG