Достапни линкови

Турција следната година ќе троши повеќе пари за одбрана


Турција планира следната година да го зголеми буџетот за одбрана за пет милијарди долари. Предлог-буџетот 2020 година предвидува за одбрана и безбедност да се издвојат 23,9 милијарди долари за финансирање на сите структури поврзани со одбраната и безбедноста. Владата во буџет за 2019 година издвои 18,8 милијарди долари за одбрана, но преку прилагодувања, властите мораше да ги рефинансираат безбедносните сили со уште 3-4 проценти од оригиналната сума.

Турските власти велат дека зголемувањето на трошоците за одбрана е особено поврзано со воената операција на Турција во Сирија.

XS
SM
MD
LG