Достапни линкови

ОН - Невиден број на цивили убиени во Авганистан во последните три месеци


Невиден број на цивили биле убиени или повредени во Авганистан во периодот од јули до септември, соопштуваат Обединетите нации, велејќи дека насилството е тотално неприфатливо. ОН во извештајот објавен денеска соопшти за три месеци загинати 1.174 луѓе, а 3.139 се повредени, што е за 42 процентни повеќе во однос на истиот временски период лани.

Во извештајот како виновници за тоа се посочуваат „антивладините елементи“, како што се талибанците.

Само во јули се регистрирани повеќе жртви отколку во кој било друг месец откако мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан започна да го документира насилството во 2009 година, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG