Достапни линкови

Советот на Европа бара Босна да ги премести мигрантите од кампот во Вучјак


Мигранти во кампот во Вучјак..

Советот на Европа ги повикува властите во Босна да ги преместат мигрантите од кампот во Вучјак, бидејќи во него нема услови, нема вода и струја, се наоѓа близу до минирано земјиште и е нехигиенски и небезбеден. Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ вели дека условите во кампот се жални, а со доаѓањето на зимата ситуацијата може да се влоши. Мијатовиќ рече дека сите мигранти кои се во моментот во Вучјак треба итно да се преместат во објекти со соодветни стандарди.

Од 2018 во Босна влегле повеќе од 40 илјади мигранти, а околу7.300 се во северозападниот дел на Бихаќ, со надеж дека ќе преминат во соседна Хрватска, а потоа и во останатиот дел на ЕУ.

Над 1.000 бегалци и мигранти се сместени во кампот во Вучјак, изграден над некогашна депонија, близу до хрватската граница, а во близина на кампот има и мини останати од војните во поранешна Југославија.

Локалните власти постојано се соочуваат со критики од меѓународните организации за условите во кампот.

XS
SM
MD
LG