Достапни линкови

Британската опозиција не го поддржува договорот за Брегзит


Лидерот на британската опозицијата, Џереми Корбин изјави дека неговата партија не може да го поддржи договорот за Брегзит. Лабуристичка партија не може да го поддржи договорот постигнат меѓу Европската унија и британскиот премиер Борис Џонсон, рече Корбин.

Тој вели дека како што стојат работите не може да го поддржат договорот, а не е ни јасно дали Џонсон има поддршка од неговите сојузници.

Запрашан дали ќе побара да се гласа недоверба на владата на Џонсон на вонредната седница планирана за в сабота, Корбин вели дека на седницата треба да се разговара за договорот за Брегзит, а за другите прашања ќе се зборува следната недела.

Корбин исто така изјави дека овој договор е полош од оној кој го постигна Тереза Меј и затоа треба да се отфрли.

Лидерите на Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, кои се партнери на Џонсон во владата, пред да биде соопштена веста дека е постигнат договор, соопштија дека нема да поддржат договор, затоа што не може да ги прифатат работите што се однесуваат на царинските политики, како и за други прашања за кои е постигната согласност.

XS
SM
MD
LG