Достапни линкови

Годинава во Грција пристигнале над 50 илјади бегалци и мигранти


Мигрант пред бегалски камп на грчкиот остров Самос.

Во Грција од почетокот на годината до 13 октомври 2019 пристигнале 50. 720 бегалци и мигранти, од кои 39.775 по морски пат, покажуваат податоците од УНХЦР- Грција. Толкава бројка на бегалци и мигранти се регистрирани за целата мината година во Грција.

Најголем дел од бегалците и мигрантите се сместени на грчките острови што се наоѓаат во близина на турското крајбрежје, а најмногу има на Лезбос.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вели дека зголемениот мигрантски бран од Турција ја става Грција под сè поголем притисок, па затоа сака мигрантското прашање да го постави на Самитот на ЕУ, кој се одржува денеска и утре во Брисел.

„Европа мора да биде подготвена за можноста од нов миграциски и бегалски бран, кој ќе минува преку Грција“, рече Мицотакис.

XS
SM
MD
LG