Достапни линкови

Меркел - Шансите за едногласна одлука на Самитот не се добри


Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон

Германската канцеларка Ангела Меркел претпладнево зборувајќи во парламентот во Берлин го повтори ставот на нејзината земја дека ги поддржуваат европските перспективи на Северна Македонија и Албанија.

„Имаше обиди да се уверат членките на ЕУ кои се уште имаат задршки за таквиот курс. Тие земји сакаат да го направат пристапниот процес потранспарентен. Како и да е, шансите за едногласна одлука на Самитот на ЕУ кој почнува во четврток попладне не се добри“, рече Меркел.

Европскиот совет денеска и утре, меѓудругото ќе расправа за проширувањето и за процесот на стабилизација и асоцијација во врска со Албанија и Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG