Достапни линкови

Пад на рејтингот на владејачките социјалисти во Шпанија


илустрација

Владејачките социјалисти во Шпанија ќе освојат помалку места на претстојните избори во ноември отколку во април, покажа во четвртокот анкетата „Сигма Дос“ спроведена за весникот „Ел Мундо“. Станува збор за прва објавена анкета откако Врховниот суд на Шпанија им изрече затворски казни на деветмина лидери на Каталонија, кои се обидоа да прогласат независна држава. Истражувањето покажало дека конзервативната Народна партија ќе освои повеќе места, додека екстремно десничарската партија Вокс треба да стане трета најголема политичка сила во земјата. Сепак, ниту левицата ниту десничарскиот блок не би освоиле мнозинство, посочува анкетата.

XS
SM
MD
LG