Достапни линкови

Заев - Туск: Северна Македонија ги исполни сите услови за преговори


Премиерот Зоран Зав и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, Скопје.

Лидерите на Европската Унија на денешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија, е заедничкото очекување на премиерот Зоран Заев и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. На средбата што се одржа синоќа во Брисел, беше заклучено дека Северна Македонија и граѓаните ги исполниле сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.Од владината прес-служба соопштија дека на состанокот присуствуваа и заменик-претседателот на Владата Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

XS
SM
MD
LG