Достапни линкови

Ердоган во идната недела во Русија за Сирија


рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 22 октомври ќе отпатува за Русија на разговори околу турската офанзива против Курдите на североистокот на Сирија. Рускиот претседател Владимир Путин го поканил Ердоган на состанок во Сочи во текот на нивниот телефонски разговор во време кога многу земји бараат од Турција да ја запре операцијата „Извор на мирот“ во Сирија. Турција ја почна офанзивата откако САД, сојузници на курдските сили, ги повлекоа војниците од тој регион. Курдските власти потоа соопштија дека постигнале спогодба со сириските владини сили кои ги поддржува Москва.

XS
SM
MD
LG